Врањеш ја тужи Карлеуша: Ќе ми платиш за сè!

Секс-скандалот во кој главни учесници се токму Врањеш и Карлеуша предизвика естраден земјотрес, но се чини дека ќе добие судски епилог.

1749
Принтскрин

Фудбалерот Огњен Врањеш поднесе кривична пријава против Јелена Карлеуша, како и уште две дополнителни тужби, со вкупен износ на отштетата од неколку милиони евра.

Секс-скандалот во кој главни учесници се токму Врањеш и Карлеуша предизвика естраден земјотрес, но се чини дека ќе добие судски епилог.

Врањеш е решен да ја истера правдата до крај, поради заканите на Јелена Карлеуша, во кои тој препознал и ризик за својот живот во раното соопштение на пејачката веднаш по појавувањето на фотографиите во јавност:

„Ги жалам твојата жена и детето. Но, како што ти го повреди моето семејство, така сега ќе ти се врати уште полошо на твоето. Бегајте! Отселете се што побрзо. Ова го направи за да ме казниш затоа што те одбив. Мој совет е да се убиеш веднаш…“, пишувало меѓу другото во обраќањето на пејачката, а фудбалерот по овој натпис се почувствувал загрозен и сака да го заштити и своето семејство.