Возачот на Брзата помош прв и помогнал на водителката Деа, а таа прашала: Што ми е со раката, многу ме боли!

Врањешевиќ веднаш сфатил дека е најпотребно да се запре крварењето кај водителката, но заради шокот во кој се наоѓала, нејзе и се стегнале крвните садови.

2145
фото: Владимир Шпорчиќ/курир.рс

Возачот на Брзата помош во Белград, Душан Врањешевиќ вчера прв притрчал во помош на водителката Деа Ѓурѓевиќ кога автобус и ја откина раката.

„Прв дошол и видел дека Деа е свесна. Таа не кревала паника, иако била преплашена. Кога и пришол Душан, видел дека ракавот и е празен. Бидејќи тој прв момент е најлош и од шокот не сфатила за што станува збор, го прашала тивко: Што ми е со раката, многу ме боли“, изјави помошникот директор на Брзата помош во Белград, доктор Сергеј Пантиќ.

Врањешевиќ веднаш сфатил дека е најитно треба да се запре крварењето кај водителката, но заради шокот во кој се наоѓала, нејзе и се стегнале крвните садови.