Тони Цетински во јавно препукување со поранешната жена, ја обвинува за својот долг

Тој кажал дека го продал станот за да покрие дел од долгот и дека сè уште плаќа даноци кои таа не ги платила.

296
Небојша Мандиќ/Курир.рс

Познатиот хрватски пејач влезе во јавно препукување со поранешната жена Ивана, која ја обвинува дека поради нејзе должи над 40.000 евра.

„Си дозволив да бидам во најглупавата категорија луѓе. Ѝ станав жирант на поранешната сопруга и паднав во стапица. До денеска ја отплаќам таа грешка“, изјави Цетински.

Тој кажал дека го продал станот за да покрие дел од долгот и дека сè уште плаќа даноци кои таа не ги платила.

Но, се огласила и таа:

„Тони беше заеднички должник, а не жирант на становите кои ги купивме пред разводот. Ги поделивме становите и кредитите, а јас го платив данокот за двата стана. Поврат на парите барав по судски пат, па се спогодивме да ми плаќа на рати. Последната рата треба да биде платена во декември. И да, одамна знам дека тој припаѓа на најглупавата категорија луѓе“, изјавила неговата поранешна сопруга.