Спиев со половина Њујорк, па потоа си најдов маж! Скандалозна изјава на најпознатата плус сајз манекенка ФОТО

„Спиев со половина Њујорк, правев сè, буквално“, рекла познатата дебелка манекенка, која за тоа проговорила и во своите мемоари кои излегоа во 2017 година.

2789
Профимедиа

Ешли Греам, една од најпознатите плус сајз манекенки на светот, во контраверзно интервју за „Ел“ изјави дека спиела со половина Њујорк. Таа зборувала за својот интимен живот и за бракот со Џастин Ервин, при што рекла дека одлучила да немаат секс додека не се венчаат.

Сопругот го запознала во црквата кога имала 21 година и открила дека тогаш ѝ се чинело дека „дава пребрзо“ па со него одлучила да причека.

– Спиев со половина Њујорк, правев сè, буквално – рекла познатата дебелка манекенка, која за тоа проговорила и во своите мемоари кои излегоа во 2017 година.

Ешли рекла дека одложувањето на сексот ја продлабочило нивната врска.

– Ни го продлабочи пријателството, ни ја подобри комуникацијата. Секако дека чувствувавме неверојатна сексуална привлечност, се бакнувавме ненормално. Не се плашев дали сексот со него ќе биде добар. Тоа беше посилно од тоа – дали му верувам? Дали е тоа некој со кого сакам да бидам до крајот на животот? – рекла Ешли.

Но, затоа во бракот не се штедат. Таа тврди дека тајната на добриот брак е многу секс.

– Само водете љубов! Постојано имајте секс, дури и ако не ви е до тоа. Сфатив дека стануваме безобразни ако немаме секс, но кога го имаме, тогаш не можеме да се одвоиме еден од друг – рекла манекенката.

Фото: Профимедиа

Izgledaju fenomenalno