Шаја Лабаф ја остави сопругата поради познатата британска пејачка

Се шпекулира дека токму две години помладата пејачка е и главниот виновник за разводот, на актерот и Миа Гот.

311
Профимедиа

Иако неодамна е снимен среќен со својата сопруга Миа Гот, проблематичниот холивудски актер ги изненадил сите со својата одлука – да поднесе документи за развод, а сè откако папараците во Лондон го снимиле како излегува од куќата на познатата британска пејачка ФКА Твигс.

И официјално – актерот Шаја Лабаф и Миа Гот тргнале секој по својот пат, а тоа за магазинот „Пипл“ го потврдија и неговите претставници за медиумите:
„Шаја и Миа поднесоа документи за развод. Се разделија во пријателски односи, а сите детали за разводот ќе им бидат познати само ним.“ Оваа потврда била објавена на интернет откако 32-годишниот актер бил снимен како излегува од домот на ФКА Твигс, родена како Талиа Дебрет Барнет, и одат во шопинг.

Се шпекулира дека токму две години помладата пејачка е и главниот виновник за разводот, имајќи предвид дека Лабаф неодамна е снимен со својата наскоро бивша сопруга во забавниот парк како среќни и вљубени уживаат во адреналински возења. Двојката се венча во ноември 2016 година во Лас Вегас, а одлуката за бракот ја донеле буквално преку ноќ и со својата постапка ги изненадиja сите.

ФКА Твигс пред Лaбaф беше во долга врска со холивдускиот актер Роберт Патинсон, со кого дури беше и свршена, а раскинаа во 2017 година.