Секогаш ја изведуваше „Stand By Me“: Почина басистот на „Прљаво казалиште“

331

На 60-годишна возраст почина басистот на „Прљаво казалиште“, Дубравко Ворих, по кратка борба со ракот.

Тој беше член на „Прљаво казалиште“ од 2008 година, а и покрај болеста, тој својот последен настап го имаше на јубилејниот концерт по повод 40 години кариера на бендот.

Неговите колеги од бендот често се шегуваа дека иако е виртуоз на бас-гитара, кога е пеењето во прашање знае да отпее само една песна. За време на концертите, притоа, му го отстапуваа микрофонот и му дозволуваа самиот да ја испее популарната „Stand By Me“.