Се огласи хирургот што ја оперираше водителката на која автобус ѝ ја откина раката: Ги кажа деталите

Доктор Марко Бумбаширевиќ, познатиот микрохирург опишува како поминала операцијата на водителката Деа Ѓурѓевиќ.

1584
Foto: Printscreen RTS, Printscreen Prva TV, Printscreen Pink TV, Printscreen Instagram

По морничавата сообраќајна несреќа и тешката операција, познатиот лекар ги открил деталите.

Доктор Марко Бумбаширевиќ, познатиот микрохирург опишува како поминала операцијата на водителката Деа Ѓурѓевиќ, на која автобус вчера изутрина ѝ ја откина раката во сообраќајна несреќа. Докторот звучел среќно и задоволно што оваа тешка операција успеал да мине успешно.

– Јас сум мртов уморен, крвав, испотен, а дури и немаше време да се пресоблечам. Одлична ја споивме откинатата рака. Се разбира, се’ уште ќе треба да се следи, но очекуваме да биде во можност сосема нормално да ја користи – изјавил хирургот.

„Се работеше за сосема откината рака од лактот кон рамото… Покрај тоа што беше откината, раката беше и изгорена. Сепак, успеавме да ја спасиме, да и ја сочуваме и зашиеме и тоа многу успешено – додал докторот.

Кога го прашале колку многу такви операции извршил досега, основачот на микрохирургија во Србија, д-р Бумбаширевиќ само се насмеале.

– Не можам ни да се сетам, ги има толку многу. Веројатно сум ги направил доволно, штом ме избраа за претседател на Европската асоцијација за микрохирургија – одговорил тој со насмевка.

Операцијата, заедно со проф. Бумбаширевиќ ја извеле и првиот помошник Чедомир Вучетиќ, асистентот Палибрик, д-р Александра Петровиќ и д-р Шарац од ВМА.