Саша Ковачевиќ во Скопје!

6 април е датумот на кој е закажан овој голем спектакл исполнет со најубавите балади и многу изненадувања.

77

Еден од најголемите балкански музички шармери, миленикот на женската публика, по цели три години повторно ќе ги израдува сите фанови со голем спектакуларен концерт во Скопје.

6 април е датумот на кој е закажан овој голем спектакл исполнет со најубавите балади и многу изненадувања.

Во ВИП-арената „Борис Трајковски“ ќе одекнуваат сите најнови хитови, како и добро познатите „Рано је“, „Случајно“, “„Ноч до подне“, „Лапсус“, и многу многу други.

– Со нетрпение чекам да дојде 6 април! Ветувам одлична забава за сите што ќе присуствуваат! Од Македонија секогаш си заминувам со убави спомени, а убеден сум дека и овојпат ќе биде така – изјави Саша.

Поради големиот интерес за овој концерт влезниците се веќе пуштени во продажба и истите може да се набават преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com, „Пола Југотон“ и „Цвеќара Розе“ – Веро 2.