Роберт де Ниро доживеа нервен слом пред судот: Го пцуеше шоферот ВИДЕО

Де Ниро, кој го помина утрото во суд на рочиште за разводот од Грејс Хајтауер, беше забележан видно нервозен, најпрво како си го крие лицето со весници, а потоа луто разговараше со неговиот приватен шофер по телефон.

473
Скриншот/Јутјуб

Актерот Роберт де Ниро вчера беше снимен пред суд во Менхетн, како нервозно се крие со весници и се расправа со шоферот по телефон бидејќи не го пречекал.

Де Ниро, кој го помина утрото во суд на рочиште за разводот од Грејс Хајтауер, беше забележан видно нервозен, најпрво како си го крие лицето со весници, а потоа луто разговараше со неговиот приватен шофер по телефон, бидејќи наводно не бил на местото пред судот каде требало да го пречека. Актерот не штедеше ни пцовки.

„Не си напред! Не си таму каде што нѐ остави. На Ворт Стрит. Е*и се! Ќе ги видиш сите фотографи собрани тука. Ама не си таму каде што нѐ остави!“, неколку пати повтори актерот со висок тон.

Луѓето од неговата придружба се обидоа да го вратат назад во зградата на судот каде актерот претходно беше на рочиште. Де Ниро и Хајтауер се разделија во ноември минатата година, по 20 години во брак.

Моментално трае судската битка за старателството над нивната седумгодишна ќерка.

Покрај фотографи и новинари, околу него се собраа и љубопитни минувачи кои го снимаа како хистерично вика и се крие зад весниците.

Еден минувач му довикна: „Олабави се, Боби!“

Испадот на Де Ниро беше главна тема на корисниците на социјалните мрежи, особено на Твитер каде видеата со него се ширеа вирално.