Ричард Гир стана татко пред 70. роденден: Неговата 34 години помлада сопруга му роди син

Гир веќе го има 18-годишниот син Хомер Џејмс со поранешната сопруга Кареј Ловел. Алехандра исто така има дете од првиот брак, 6-годишниот син Алберт со поранешниот сопруг Говинда Фридланд.

372

Холивудската ѕвезда Ричард Гир стана тако по втор пат само неколку месеци пред неговиот 70. роденден.

Ричард со сопругата Алехандра Силва доби син, на седум месеци пред неговиот 70. роденден.

Пред неколку дена Силва (36) се породи во Њујорк, а името на момчето се уште не е познато на јавноста.

Гир веќе го има 18-годишниот син Хомер Џејмс со поранешната сопруга Кареј Ловел.
Алехандра исто така има дете од првиот брак, 6-годишниот син Алберт со поранешниот сопруг Говинда Фридланд.