Реми Малек доби номинација за Златен Глобус за „Боемска Рапсодија“

Филмот доби и номинација за најдобар филм во категоријата на драми, но публиката особено се радува што Малек добива признание за одговорната улога која ја одигра.

112
Фото Профимедиа

За својата неодамнешна улога, екранизирањето на легендарниот Ферди Меркјури, Реми Малек ја доби првата номинација во својата кариера за Златен Глобус.

Филмот доби и номинација за најдобар филм во категоријата на драми, но публиката особено се радува што Малек добива признание за одговорната улога која ја одигра.

Како една од најтешките сцени е повторувањето на „Лајв Ејд“ настапот од 1985 година, кој Малек го гледал повеќе од 1.500 пати, за да може правилно да го пренесе во својата глума.

Иако никогаш не може совршено да се ископира, оваа сцена важи за една од најдобро одиграните во филмската историја, а трудот и харизмата на младиот актер дополнително додаваат на значајност.