Раперот Кадет загина додека патувал на настап со такси ВИДЕО

До несреќата дошло на 9 февруари во раните утрински часови, а раперот не управувал со возилото, туку бил на совозачкото седиште во таксито.

517
Принтскрин/Фејсбук

Британскиот рапер Кадет (Блејн Камерон Џонсон) загина на 29-годишна возраст во сообраќајна несреќа додека бил на па кон закажаниот настап. 

До несреќата дошло на 9 февруари во раните утрински часови, а раперот не управувал со возилото, туку бил на совозачкото седиште во таксито.

Полицијата потврдила дека музичарот загинал поради судир на две возила.

Кадет бил на патот кон подемот благодарение на своите песни – „Letter to Krept“, „Instagram girls“ и „Advice“, кои го „пробиле“, па многубројни критичари му предвидувале блескава кариера.

– Напорно работам секој ден и знам дека сè ќе дојде на свое – рекол раперот неодамна во едно интервју.

Многу колеги и пријатели се простиле од него на социјалните мрежи.