Првпат по 30 години Оскарите ќе се одржат без водител

Комичарот се откажа од водителската улога откако му беше наредено да се извини за „хомофобични“ твитови напишани помеѓу 2009 и 2011 година.

336
Фото: EPA/Clemens Bilan

Оскарите останаа без водител оваа година. Според „Вараети“, на најважниот филмски настан на светот, што ќе се одржи на 24 февруари, категориите ќе ги претставуваат филмски ѕвезди.

Кевин Харт се повлече од оваа улога, откако негови навредливи твитови се појавија во јавноста.

Комичарот се откажа од водителската улога откако му беше наредено да се извини за „хомофобични“ твитови напишани помеѓу 2009 и 2011 година, кои беа откриени дури откако Академијата реши да го назначи за водител на Оскари 2019. Пред само една недела, во шоуто на Елен Деџенерис, тој рече дека размислувал долго за укажаната шанса, но сепак, решил дека нема да биде водител на Оскари ниту сега, ниту пак, во иднина.

Оскарите досега немале водител само во 1989 година.