Премиера на спотот „Можда баш сад“ на „Ван Гог“ ВИДЕО

Бендот зад себе има 33 години кариера, а пред себе 10. студиски албум. Изданието „Море без обала“ ја фаворизира слободата и животот без огради.

64

Популарната група „Ван Гог“ премиерно го претстави спотот за песната „Можда баш сад“ во кој се појавува младата актерка Тамара Алексиќ.

Песната „Можда баш сад“ е трет радиски сингл од нивниот албум „Море без обала“.
Групата „Ван Гог“, по полни пет години од излегувањето на своето претходно студиско остварување, со гордост го објавува новиот, десетти студиски албум, под назив „Море без обала“, кој донесува бран на звучна свежина во 10 бескомпромисни нови песни, силен енергетски набој, со печат на препознатливата вангоговска поезија.

Бендот зад себе има 33 години кариера, а пред себе 10. студиски албум. Изданието
„Море без обала“ ја фаворизира слободата и животот без огради.

Албумот ќе се појави во Македонија како подарок ЦД заедно со дневниот весник „Слободен печат“ в среда, 13 февруари.