Позната актерка и манекенка пронајдена мртва

Полицијата провалила во куќата на манекенката откако таа оставила загрижувачка порака на Инстаграм, во која напишала дека нејзиниот свет е превртен наопаку.

963
Профимедиа

Манекенката и актерка Аналис Бракенсик (46) е пронајдена мртва во својата куќа во Сиднеј, а причината за смртта е самоубиство, пренесува „Пипл“.
Аналис кариерата ја започнала во 1997 година во хит-серијата „Луди години“, каде ја играла Стефани, а позната е по улогата во серијата „Пица“.

Паралелно се занимавала со манекенство, а била и заштитно лице на организацијата „Ти си ОК“ која го свртува вниманието кон проблемите со менталното здравје и се занимава со превенција од самоубиство.

Полицијата провалила во куќата на манекенката откако таа оставила загрижувачка порака на Инстаграм, во која напишала дека нејзиниот свет е превртен наопаку. Нејзините пријатели се загрижиле, бидејќи не се јавувала на телефон, и повикале полиција.

Аналис порано зборувала за борбата со депресијата, поради што и се поврзала со организацијата за заштита на менталното здравје.

– Скршени сме од веста за нејзината смрт. Ја сакавме и почитувавме, и упатуваме сочувство од срце до нејзините најсакани – соопштила организацијата „Ти си ОК“.