Популарната турска актерка заврши во болница, се разболе во седмиот месец од бременоста

Евџен го чека првото дете со својот сопруг Бурак Озчивит, кој пак го гледавме во улогата на Бали-бег во „Величествениот“.

480
Фото Инстаграм

Фахрије Евџен, која ја паметиме како Неџла од „Кога лисјата паѓаат“ е во седмиот месец од бременоста и е на одмор од работата.

Но, таа се разболела и итно морала да биде пренесена во болница, за време на зимувањето во Карталкаја. За среќа, ништо не е сериозно и животот на детето не е доведен во опасност.

Евџен го чека првото дете со својот сопруг Бурак Озчивит, кој пак го гледавме во улогата на Бали-бег во „Величествениот“.

Актерката ќе мора неколку дена да остане во болница, поради нејзината бременост. Турските медиуми шпекулираа дека се работи за предвремено породување, но сепак, вистината е дека таа само малку настинала и дека мора да биде извесен период под лекарски надзор.