Пол Макартни: Го видов Господ!

„Дел од вас мисли дека за тоа нема докази, но постои дел кој сака да верува“, изјавил музичарот.

371
Принтскрин/Твитер

Поранешниот член на легендарните „Битлси“ Пол Макартни (76) открил во интервјуто за магазинот „Тајм“ дека имал визија го видел Господ пред многу години додека бил на „трип“ по земањето на дрога.

– Го видов Господ, таа неверојатна величествена работа, и бев понизен. Тој момент не го покрена мојот живот, но беше знак – рекол 76-годишниот Макартни.
„Верувам дека постои нешто“, додал славниот музичар.

Исто така, Макартни рекол дека верува дека негови блиски кои починале се „тука и нè гледаат“.

– Дел од вас мисли дека за тоа нема докази, но постои дел кој сака да верува – изјавил музичарот.

Макартни по распадот на „Битлси“ во 1970 година мислел дека никогаш повеќе нема да се занимава со музика.

– Долго време бев во депресија. Алкохолот ми беше единствената утеха во тоа време. Се разделив со долгогодишните пријатели и ми беше тешко – рекол музичарот. Додал дека по распадот се повлекол од јавниот живот и дека требало да размисли како понатаму. Затоа го основал бендот „Вингс“ со тогашната сопруга Линда.

– Ни зборуваа дека сме грозни и дека Линда нема поим за музика – рекол Макартни.

Макартни го издава новиот соло албум „Egypt Station“ на 7 септември и тоа е негов 17. студиски албум.

Фото: Скриншот/Јутјуб

You Tube | Autor: You Tube