Овен Вилсон не сака ја види новородената ќерка, бара ДНК анализа

167

Холивудскиот актер Овен Вилсон наводно не сака да ја види својата штотуку родена ќерка.

Светските медиуми наведуваат дека барал ДНК анализа за да се потврди дека тој е татко на девојчето Лили, што се роди пред три недели. Иако девојчето е родено минатиот месец, славниот актер се уште не ја видел.

Четириесет и деветгодишниот Овен ја добил Лили од врската со поранешната девојка Варуни Вонсвиритас. Со неа, со повремени прекини, Овен се забавуваше околу пет години.

Вилсон, иако не остана во врска со ниту една од мајките на своите два сина (7-годишниот Роберт и 4-годишниот Фин), тој ја презема татковската должност и со задоволство поминува време со синовите, но, според најновите информации, нема таква намера со Лили.

– Ова е приватна работа и не сакам да коментирам – изјавил медиумскиот претставник на актерот.