Отфрлено едно од обвиненијата против Харви Вајнстин

Останатите пет обвиненија сè уште се активни и остануваат отворени во Кривичниот суд. Вајнстин стои на тоа дека не е виновен по ниту една точка од обвинението.

534

Една од шесте точки во обвинението против режисерот Харви Вајнстин денеска е отгрлено, со одлука на судот во Њујорк.

Станува збор за обвинувањата од Луси Еванс, според која, Вајнстин ја натерал на орален секс во неговата канцеларија во 2004 година, кога таа пристигнала кај режисерот за да разговара за кариерата. Еванс во тоа време имала 21 годиниа.

Останатите пет обвиненија сè уште се активни и остануваат отворени во Кривичниот суд. Вајнстин стои на тоа дека не е виновен по ниту една точка од обвинението.

Спорната точка е повлечена бидејќи се појавиле докази дека „уживањето“ било обостано и дека Еванс не била присилена на ништо.

Сепак, остануваат обвинувањата против Вајнстин за силување на жена во негова хотелска соба во 2013 година, како и за принудувачки сексуален однос со друга жена во 2006 година.