Осум пати бил застрелан: Убиен раперот Кевин Фрет

Некој пукал во него додека се возел на неговиот мотоцикл по Сан Хуан околу 5:30 часот по локално време, а починал во медицинскиот центар во Рио Пиедрас.

422
Принтскрин

Дваесет и четиригодишниот рапер Кевин Фрет, кој важеше за ѕвезда во подем е брутално убиен.

За него се пишува како за прв отворен геј-пејач на латиноамериканскиот трап, и според весникот „Ел нуево диа“, тој беше убиен во Порторико во раните утрински часови во четвртокот, 10 јануари. Некој пукал во него додека се возел на неговиот мотоцикл по Сан Хуан околу 5:30 часот по локално време, а починал во медицинскиот центар во Рио Пиедрас.

Полицијата го испитува неговото убиство, во кое тој е застрелан осум пати.