Не пропуштајте го ексклузивниот подарок оваа среда со секое купено печатено издание на Слободен печат (ВИДЕО)

Оваа среда, со секое купено печатено издание на дневниот весник Слободен печат следува ексклузивен подарок: новиот албум на популарниот бенд Ван Гог „Море без обала"!

123

Популарната група „Ван Гог” премиерно го претстави спотот за песната „Можда баш сад” во кој се појавува младата актерка Тамара Алексиќ.

Песната „Можда баш сад” е трет радиски сингл од нивниот албум „Море без обала”.
Групата „Ван Гог”, по полни пет години од излегувањето на своето претходно студиско остварување, со гордост го објавува новиот, десетти студиски албум, под назив „Море без обала”, кој донесува бран на звучна свежина во 10 бескомпромисни нови песни, силен енергетски набој, со печат на препознатливата вангоговска поезија.

Бендот зад себе има 33 години кариера, а пред себе 10. студиски албум. Изданието
„Море без обала” ја фаворизира слободата и животот без огради.

Не пропуштајте го овој ексклузивен бесплатен подарок, само оваа среда со секое печатено издание на дневниот весник Слободен печат!