Најсексапилниот актер на светот доби син: Детето доби име по кое ќе го памти целиот свет

Новороденчето го добило името Форест по ликот кој го толкува Том Хенкс во филмот „Форест Гамп“.

972
Профимедиа

Актерот Том Харди, по вторпат станал татко, пишува „Сан“. Тој и сопругата Шарлот Рајли добиле син на кој му го дале името според омилениот филмски лик на Харди.

Новороденчето го добило името Форест по ликот кој го толкува Том Хенкс во филмот „Форест Гамп“. Точниот датум на раѓање на момчето не е познат, бидејќи Харди и Рајли во последно време не се експонираат во јавност.

– Пресреќни се поради бебето, а пријателите веќе тврдат дека тој личи на Том – изјавил анонимен извор за „Сан“. „Се повлекоа за време на празниците за да можат да се навикнат и адаптираат на новороденчето”.

„Многу им се допаѓа името Форест, сметаат дека е многу моќно. На Том отсекогаш му се допаѓал филмот кој го смета за инспиративен, па затоа и името му се чини соодветно“, тврди изворот.

Двојката се венчаше во 2014 година, а заедно имаат уште еден син. Харди е, исто така, татко на 10-годишниот син Луис Харди, кој го доби со поранешната девојка Рејчел Спид.