Најнепријатната сцена од Златните глобуси: Никол Кидман бесрамно го игнорирала наградениот ВИДЕО

Една корисничка на Твитер објавила снимка на која Никол Кидман сосема го игнорира Рами Малек.  

344
Профимедиа

Холивудскиот актер, Рами Малек во неделата вечер доби Златен глобус најдобар актер во категоријата драма за улогата во филмот „Боемска рапсодија“, а наградата му ја додели актерката Никол Кидман.

Наградата на екипата ја доделила Никол Кидман, а она што следувала по доделувањето во краток рок стана хит на интернет.

Имено, една корисничка на Твитер објавила снимка на која Кидман сосема го игнорира Малек.

По прогласувањето на најдобар филм, продуцентите од филмот останале на сцената за кратко да поразговараат со актерката, а во разговорот се обидел да се вклучи и Рами.
Сепак, Никол му го завртела грбот, а Рами потоа само ја допрел со раката по грбот и сите заедно ја напуштиле сцената.

Погледнете го видеото за да видите како изгледала оваа сцена: