На Кевин Спејси му се закануваат пет години затвор за сексуална злоупотреба на малолетник

Ако се докаже дека е виновен, на Спејси му се закануваат пет години во затвор. Инаку, ова не е прво обвинение дека сексуално злоупотребувал некого.

141
Профимедиа

Почна сyдското рочиште против холивудската ѕвезда Кевин Спејси, обвинет за сексуален напад.

Спејси се појавил на суд под обвинение дека сексуално злоупотребил 18-годишно момче, кого претходно го нападнал во кафуле во Нентакет пред повеќе од две години. Оскаровецот не се изјаснил за виновен во окружниот суд во Нантакет.

Поранешната водителка Хедер Унрух во ноември 2017 година го обвинила актерот дека сексуално го искористувал нејзиниот син во ресторанот во Нантакет. Таа тврди дека Спејси дури на момчето му купил и алкохолен пијалак, и покрај тоа што тој немал 21 година, што во Америка е легална возраст за консумирање алкохол.

Тој пристигнал во судот облечен во сив костум со вратоврска и не сакал да даде изјава. Одбил да даде изјава и на подготвителното рочиште, а судијата му наредил да не стапува во контакт со момчето.

Ако се докаже дека е виновен, на Спејси му се закануваат пет години во затвор. Инаку, ова не е прво обвинение дека сексуално злоупотребувал некого.