Милан Станковиќ уловен меѓу голи мажи на нудистичка геј плажа! ФОТО+ВИДЕО

Папарацото на српски „Курир“ ја фотографирал бившата ѕвезда на „Гранд“ и бившо момче на пејачката Рада Манојловиќ како со двајца пријатели се сонча и забавува во Барселона.

1680
Курир.рс

Српскиот пејач Милан Станковиќ е „уловен“ на геј плажа во Шпанија!

Папарацото на српски „Курир“ ја фотографирал бившата ѕвезда на „Гранд“ и бившо момче на пејачката Рада Манојловиќ како со двајца пријатели се сонча и забавува во Барселона на фастивалот „Сркит“ (Circuit), кој, судејќи според фотографиите, е наменет за нудистите со хомосексуална определба.

Пејачот на плажата пристигнал околу пладне, ја ставил својата крпа на лежалка и му се препуштил на уживањето на сонцето. По еден час, кога сфатил дека околу него се исклучиво разголени мажи, Милан се облекол и дискретно го напуштил барот на плажата.

– Не знаеме дали Милан случајно или намерно одбрал токму геј плажа, за која сите знаат дека е тоа, но многу пристојно се однесуваше. Дојде со двајца другари. Беше расположен, но не се задржа долго – рекол за „Курир.рс“ едно од момчињата кое се затекнало во непосредна близина на популарниот пејач.

Станковиќ е таинствен кога неговиот приватен живот е во прашање, па на јавноста ѝ е позната единствено неговата врска со колешката Рада Манојловиќ, со која помина пет години.

Милан по врската со Рада никогаш во јавноста не се појавил ниту со една девојка, а кружеа и шпекулации дека е наклонет на истиот пол, но тој ги демантираше.

По овој повод, од редакцијата на „Курир.рс“ го контактирале Станковиќ:

– Дали сте нормални? Нема да коментирам глупости, не е ни прв ни последен пат малициозно да ме доведуваат во тој контекст. Тоа е мојот коментар, ви благодарам на сè – рекол Станковиќ.

Фото: Курир.рс