Мараја Кери ќе плати оштета поради сексуално вознемирување

365

Американската пејачка Мараја Кери(48) се согласила за спогодбата и плаќање на оштета поради сексуално вознемирување. Имено, нејзината поранешна менаџерка, Стела Булочников Столпер, ја обвинила пејачката за малтретирање и злоставување, тврдејќи дека МАраја намерно се шетала гола пред неа.

Стела за Мараја работеше помалце од три години, а во меѓувреме тие станаа многу добри пријателки. Сето тоа заврши на крајот од 2017 година. Иако на почетокот Мараја ги негираше тврдењата на својата поранешна менаџерка и за нив велеше дека се неосновани, но сега таа се согласила на спогодбата, пренедува бритнаски „Мирор“. Нејзината согласност би можело да значи потврда на обвинувањето.

Адвокатот на Стела за медиумите изјавил дека странките се сдоговориле, но не сакал да каже за која сума станува збор.

Поранешната менаџерка не е единствена која ја обвинува Мараја за секусално вознемирување. Истото го има направено и Мајкл Анело, сопственик на сигурносна агенција со која пејачката соработувала. Анело тврдел дека Мараја го намамила во хотелска соба и пред него се шетала во провокативна долна облека.

Tој поради тоа подигнал тужба.