Лепа Брена го најави својот концерт

366

Популарната пејачка Лепа Брена, го најави својот концерт, кој ќе се одржи на петнаесетти декември, во Вип Арена „Борис Трајковски“ во Скопје.

На вчерашната прес-конференција, Брена го најави концертот кој е дел од турнејата по повод триесет и пет години естрадна кариера.

Турнејата започнала во Лондон, а концертот во Скопје ќе биде подеднакво спектакуларен како оној во Белград.

-Многу ми е драго што сум во Скопје, тука секогаш се чувствувам како дома. Се надевам дека фановите ќе уживаат во концертот и дека заедно многу ќе се забавуваме – изјави Брена и додаде дека на концертот ќе се пејат старите популарни хитови, но и песните од новиот албум.

Популарната пејачка изјави дека на концертот ќе пее со микрофонот кој и го подарил нејзиниот сопруг, Бобо. Микрофонот е правен специјално за неа, по дизајн и мерка.

-Ја слушнав Адел на концерт во Мајами како пее на таков микрофон, па и јас го посакав истиот – изјави пејачката.

Брена исто така изјави и дека снимила документарен филм кој е во три дела кои траат четириесет минути, а истиот е автобиографски.

На пресот Лепа Брена се појави во кошула од брендот „Версаче“, ѕвонарки и каубојски чизми, а годините за неа се само бројка.