„Квин“ повторно со Адам Ламберт на сцена

106

Легендарниот бенд најави дека од понеделник започнуваат со турнејата низ дваесет и три земји во Северна Америка. Турнејата е насловена Северно-американска Рапсодија.

Според официјалната страна на бендот, огромниот успех на филмот „Боемска Рапсодија“ е доказ дека публиката сеуште го сака бендот и дека сеуште се актуелни.

Долгогодишните фанови ќе бидат воодушевени кога ќе дознаат дека „Квин“, со оригиналните членови на бендот, Брајан Меј и Роџер тејлор, заедно со Адам Ламберт како фронтмен, се враќаат на сцените низ Северна Америка“-се вели во соопштението на нивната страница.

Биографскиот филм за Меркјури се прикажа во октомври, а ликот на легендарниот пејач го портретираше Рами Малек.

Меркјури почина на четириесет и пет годишна возраст во 1991 година, а причина за неговара смрт беа компликации предизвикани од СИДА.

Ламберт и „Квин“ се формирале како бендот „Квин+Адам Ламберт“ и почнале со турнеји во 2009 година.

Новата турнеја започнува на десетти јули во Ванкувер.