Ќерката на Мајкл Џексон конечно се огласи по повод контроверзниот документарец за нејзиниот татко

Нејзин следбеник на твитер коментираше дека тие „сакааат да се уништи името на Мајкл и неговата музика да престане да се слуша“, на што Париз имаше што да одговори.

518
Фото: ЕПА

Откако во текот на првите денови по објавувањето на контроверзниот документарец, во кој Мајкл Џексон се обвинува за педофилија, Париз Џексон, неговата ќерка, немаше никаков коментар за тоа во јавноста, сега конечно откри што мисли на социјалните мрежи.

Нејзин следбеник на Твитер коментираше дека тие „сакааат да се уништи името на Мајкл и неговата музика да престане да се слуша“, на што Париз имаше што да одговори.

„Да, тоа го прават секому кој имал добро срце и се обидел нешто да промени, но зарем мислиш дека ќе успеат да го уништат неговото име? Зарем навистина мислиш дека имаат некакви шанси? Опушти се и биди мирен“, напиша  Париз Џексон на Твитер.

HBO неодамна објави документарец, во кој Вејд Робсон и Џејмс Сејфчек го обвинуваат покојниот пејач за сексуално злоставување во период од седум години, и тоа кога едниот од нив имал четири, а другиот седум години.