Ќерката на Арнолд Шварценегер ќе се мажи со познат холивудски актер

Најстарата ќерка на Арнолд, 29-годишната Кетрин, ја започна врската со Прат минатата година, веднаш по неговиот развод со актерката и комичарка Ана Фарис.

440
Профимедиа

Холивудскиот актер Крис Прат (39) ќе се жени со Кетрин (29), најстарата ќерка на Арнолд Шварценегер. Веста за свршувачката Прат ја објави на Инстраграм.

„Слатка Кетрин, токлу сум среќен што кажа „да“. Возбуден сум што ќе се ожениш за мене“, напиша 39-годишниот актер, ѕвезда од филмовите „Чувари на Галаксијата“ и „Светот на Јура“.

Најстарата ќерка на Арнолд, Кетрин, ја започна врската со Прат пред седум месеци, веднаш по неговиот развод со актерката и комичарка Ана Фарис.

Кетрин е ќерка на Арнолд и новинарката Марија Шривер, како и внука на 35. американски претседател Џон Ф. Кенеди. Таа е активистка и авторка на две книги за самопомош каде го промовира позитивниот став за телото и им нуди совети на студентите.

Крис Прат и Ана Фарис беа во брак девет години и го имаат синот Џек (6).

Фото: Инстаграм/Принтскрин