Ќерката го нарече монструм, а Леди Гага го повлече дуетот со славниот рапер ФОТО

Буку Аби (чие вистинско име е Џоан Кели), на Инстаграм објаснила зошто досега не проговорела во јавноста.

247
Инстаграм/Принтскрин

Откако се појави новата документарна серија за славниот американски рапер „Да се преживее Ар Кели“ (Surviving R. Kelly), за односот со својот татко проговорела и неговата ќерка.

Чудовиште
Буку Аби (чие вистинско име е Џоан Кели), на Инстаграм објаснила зошто досега не проговорела во јавноста. Таа напишала дека не зборувала за својот татко поради својот мир и емоционалната состојба. Вели дека сето тоа влијаело на неа и сѐ уште ѝ е тешко да го испроцесира она што се случувало.
Но, Аби открила и дека воопшто не комуницира со Ар Кели.
– Поминаа многу години откако моите браќа и јас зборувавме со него или го видовме – рекла таа и додала дека ниту нејзината мајка не комуницира со него.
„Чудовиштето за кого зборувате е мојот татко. Сосема сум свесна кој е и што е тој. Пораснав во неговата куќа. Поради мојот внатрешен мир и емотивната состојба не сакам да зборувам за него и не сакам да размислувам за тоа“, коментирала Џоан, која со татко ѝ нема никаков контакт последните години.

Славните личности го „нападнаа“
Ар Кели веќе со години негира дека направил нешто, и покрај мнобројните обвиненија од жени кои споделиле шокантни приказни за неговото однесување, пишуваат американските медиуми.
Во музичката индустрија, многубројни ѕвезди веќе започнаа да се дистанцираат од Ар Кели, а некои како пејачката Леди Гага и манекенката Кара Делавињ отворено го критикуваат.
– Во целост стојам зад сите тие жени. Знам колку страдаат и дека само сакаат нивниот глас да се слушне и да бидат сфатени сериозно – рекла Гага, која на 19 години и самата била жртва на сексуална злоупотреба.
Песната која ја напишала и снимила со Ар Кели, Леди Гага ветила дека ќе ја отстрани од музичкиот сервис ајТјунс, а има и објаснување како таа воопшто настанала.

Фановите му вртат грб
Пејачот во САД сосема ја изгуби поддршката на поранешните фанови и повеќе речиси не настапува, но и понатаму е многу популарен во Германија, во која има неколку големи концерти закажани за пролет.
Ар Кели е под истрага и во Џорџија.

Фото: Инстаграм/Принтскрин

Lady GaGa se obrušila na R&B pjevača, a nekad su surađivali

Lady GaGa se obrušila na R&B pjevača, a nekad su surađivali