Кејси Масгрејвз и Чајдлиш Гамбино најголеми победници на Греми наградите

Масгрејвз ја освои музичката награда Греми за албум на годината за „Golden hour“ како и наградата за најдобар кантри албум „Space Cowboys“.

155
Фото: ЕПА

На 61. церемонија на доделување на американските музички награди Греми, најголеми победници се кантри пејачката Кејси Масгрејвз и уметникот Доналд Гловер познат како Чајдлиш Гамбино.

Масгрејвз ја освои музичката награда Греми за албум на годината за „Golden hour“ како и наградата за најдобар кантри албум „Space Cowboys“.

Пејачката имаше голема конкуренција во таперите Кендрик Ламар и Дрејк кои беа фаворити во неколку категории меѓу кои и за наградата албум на годината.
Чајдлиш Гамбино ја освои наградата за најдбро видео и најдобра песна за „This America“.

Добитници по категории:

– Откритие на годината е британската пејачка Дуа Липа
– Најдобар рап албум: Карди Б за „Invasion Of Privacy“. Карди Б стана првата жена која и успеа да освои награда во оваа категорија
– Најдобар рок албум: Грета Ван Флит за „From the Fires“
-Најдобар поп вокал: Аријана Гранде за „Sweetener“
– Најдобро дуо: Лејди Гага и Бредли Купер за песната „Shallow“ од филмот „A Star is Born“
-Најдобар албум R&B: H.E.R. зa “H.E.R.”
-Најдобар албум на алтернативна музика: Бек за „Colors“
-Најдобар џез албум: Квартет Вејн шортер за „Emanon“
-Најдобар блуз албум: Бади Геј за The Blues Is Alive And Well
-Најдобар рок перформанс – Крис Корнел „When Bad Does Good“