Холивудскиот актер Мет Дилон пристигна во Србија, го пречекаа со леб, сол и ракија ФОТО

Профимедиа

Славниот американски актер Мет Дилон пристигна во Дрвенград каде го дочекал основачот на Кустендорф Емир Кустирица и голем број новинари.

Американскиот актер Мет Дилон пристигна во српскиот филмски град Дрвенград-Кустендорф, изграден од познатиот режисер Емир Кустурица, каде што се одржува 12. Филмско-музички фестивал.

– Никогаш не сум имал ваков дочек. Навистина е убаво – рекол Дилон кој во Девенград пристигнал со автомобил.

Според српскиот обичај, Дилон го дочекале млади во српска народна носија со погача, сол и ракија, но актерот ракијата ја одбил, рекол дека не пие алкохол.

– Претпоставувам дека постојат други начини да се дојде тука, со летање, на пример. Летав со авион и тоа беше во ред, но не сакам хеликоптери – рекол Дилан.

– Јас сум голем обожавател на филмовите на Кустурица, така што бев многу возбуден со самата идеја дека ќе дојдам тука – рекол актерот.

Мет Дилон беше на врвот на популарноста кон крајот на 1990-тите години. Тој глумеше во филмовите „Нешто во врска со Мери“, „Драгстор каубој“, „Диви нешта“…

Фото: ANA PAUNKOVIĆ/Kurir.rs

Фото Профимедиа