Харви Вајнстин се извлече, судијата ја отфрли тужбата на Ешли Џад

Судијата порача дека без оглед на таа одлука, актерката може да продолжи со тужбата која против Вајнстин ја поднесе за клевета, се наведува.

196
Профимедиа/ЕПА

Федералниот судија во Лос Анџелес ја отфрли тужбата за сексуално вознемирување, која актерката Ешли Џад ја поднела против холивудскиот филмски продуцент Харви Вајнстин, пренесува „Ројтерс“.

Судијата порача дека без оглед на таа одлука, актерката може да продолжи со тужбата која против Вајнстин ја поднесе за клевета, се наведува. Таа го обвини продуцентот дека ја клеветел во 1998 година откако таа ги одбила неговите сексуални барања.

Да потсетиме, повеќе десеттина жени истакнаа дека 66-годишниот Харви сексуално ги вознемирувал, а помеѓу обвиненијата има и такви за силување. Меѓу најпознатите се Кејт Бекинсејл, Лизет Ентони и Гвинет Палтроу.

Вајнстин ги негираше овие обвиненија.

Тужбите против холивудскиот продуцент ја поттикна и појавата на #MeToo движењето, чија цел беше привлекување на вниманието дека постојат огромни случаеви на сексуално злоупотреба и вознемирување.

И лондонската полиција истражуваше неколку случаеви на сексуално насилство во кои Вајнстин е означен како сторител.