Хајди Клум со непристојното однесување ги згрозила колегите: „Тоа беше како стриптиз“, рекол Бандерас! ФОТО

Хајди очигледно не се грижела за вниманието што го предизвикала со своето непристојно однесување.

527
Профимедиа/Монтажа

На доделувањето Златни глобуси одржан во Лос Анџелес, се појавила и Хајди Клум во придружба на својот 17 години помал свршеник Том Каулиц.

Меѓутоа, двојката претерала со своето промискуитетно однесување, поради што колегите, меѓу кои и Антонио Бандерас, ги одбегнувале.

Според медиумите, Антонио Бандерас и неговата партнерка Џанел се криеле во зелената соба „за да ја избегнат Хајди“. Актерот дури и нагласи дека однесувањето на 45-годишната Клум и нејзиното 29-годишно момче изгледало како „peepshow“.
На многу од фотографиите на настанот топ моделот постојано се бакнува и се „лепи“ на својот свршеник. Хајди очигледно не се грижела за вниманието што го предизвикала со своето непристојно однесување.

Супермоделот Хајди Клум последниве месеци и тоа како дава до знаење дека е повљубена од кога било претходно.

Фактот дека повторно нашла среќа во љубовта со 17 години помладиот музичар Том Каулиц го потврдила и на доделувањето Златни глобуси, а во еден момент страста толку многу ја понела што на колегите им дошло преку глава.

Фото: Профимедиа

Heidi Klum i Tom Kaulitz