Хајди Клум бремена со петтото дете?

Доколку се потврди информацијата за нејзината бременост, Клум и Каулиц ќе го добијат своето прво заедничко дете.

599
Фото Профимедиа

Иако парот ниту ја потврдува, ниту ја демантира оваа информација, многу медиуми веќе пренесоа дека 45-годишната Хајди е бремена по петти пат.

Таа неодамна се сврши со музичарот Том Каулиц од познатиот германски бенд „Токио Хотел“. Тој е 17 години помлад од неа.

Информацијата за бременоста му се испуштила на германскиот дизајнер Волфганф Јоп. Доколку се потврди информацијата за нејзината бременост, Клум и Каулиц ќе го добијат своето прво заедничко дете.

Хајди веќе има четири деца, Лени, Хенри, Јохан и Лу. Првото дете го доби со Флавио Бријаторе, а потоа беше во брак со пејачот Сил.

Парот е свеен за разликата во годините, но тоа не го гледаат воопшто како проблем.

„Мојот партнер е многу помлад од мене, но не се грижам за тоа. Мислам дека мора да живеете среќен живот и да не се грижите за тоа што мислат другите бидејќи таквите работи ќе ви создадат само непотребни брчки”, изјавила неодамна Хајди Клум.