Емина и турскиот милијардер Садетин се смириле, но тој ѝ поставил еден услов

Принтскрин/Инстаграм

Пејачката Емина Јаховиќ неодамна ја обновила романсата со турскиот богаташ Садетин Саран. Но, според медиумите бизнисменот ѝ поставил еден услов на пејачката за да биде повторно со неа.

Магазинот „Свет“ пренесува дека Садетин се сложил на обновување на романсата со пејачката под услов таа во иднина да се однесува со многу поголема почит, пренесува српски „Блиц“.

Бизнисменот наводно ѝ порачал дека тој не е младо момче и дека таквите изјави лошо влијаат на неговиот бизнис. И дека во иднина сака во јавноста да биде преставен како што треба и таа да биде сигурна дека сака да биде со него. Емина се согласила на ова, најверојатно поради тоа што Садетин, сепак, ѝ значи.

Садетин наводно се налутил кога Емина изјавила „дека веќе никогаш нема да се мажи и дека новиот маж може да биде во нејзиниот живот само за да го разубави, но, дека нема да се интересира за него кога ќе престане“. Тогаш наводно завршила нивната врска, на која сега ѝ даваат нова шанса.

Емина по обновувањето на врската со Садетин признала дека е посреќна од кога и да било, но, не открила како дошло до смирување на односот со богаташот.