Помина една година од смртта на актерот Небојша Глоговац, кој важи се едно од најголемите актерски имиња во Србија, но и на екс-ју просторите.
Во негова чест се закажани помен на гробиштата, како и комеморативна манифестација во Југословенскиот драмски театар, каде ќе му биде доделена постхумно наградата „Добричин прстен“ за животно дело.
Неговите колеги се сеќаваат на него како духовит и смешен човек, кој во исто време бил несебичен, искрен и едноставен.
Во знак на сеќавање на Глоговац, музичарот Никола Пејаковиќ-Коља го објави видеоспотот за песната „Превише“.