Дрејк во проблеми поради недолично однесување и допирање на малолетничка

167
Профимедиа

Популарниот канадски рапер Дрејк се најде во центарот на уште еден скандал откако американските медиуми објавија постаро видео на кое може да се види како тој бакнува 17-годишна девојка, пренесува ТМЗ.

Снимката датира од 2010 година, од концертот во Колорадо, кога раперот имаше 23 години.

Откако ја покани на сцената велејќи дека е „осамен, сингл маж кој нема на кого да се радува кога ќе се врати дома“, Дрејк продолжи да ја бакнува и милува девојката, гушкајќи ја одзади. Тој продолжи да ѝ дава комплименти за физичкиот изглед, пред да се концентрира на нејзините гради.

Сепак, раперот се изненади кога девојката му кажа дека има само 17 години, до тој степен што мораше да ја праша како може да изгледа така ако е малолетна. Изгледа дека шокот беше само привремен, бидејќи тој продолжи да ѝ дава комплименти за физичкиот изглед и градите.

Иако видеото е старо дури 9 години, пред неколку дена почна одново да кружи низ американските и британските медиуми.