Џорџ Клуни ги коментираше гласините за разводот од Амал

Клуни за медиумите рекол дека озборувањата за разводот се „чисти измислици“ и дека нивниот брак не е во криза.

1414
Профимедиа

По гласините дека една од најпознатите славни двојки, актерот Џорџ Клуни (57) и неговата сопруга, адвокатката Амал Клуни (40) се разведуваат по четири години брак, тој одлучил да ги коментира гласините.

Клуни за медиумите рекол дека озборувањата за разводот се „чисти измислици“ и дека нивниот брак не е во криза.

Да потсетиме, шпекулациите за разводот на славната двојка почнаа пред неколку дена. Наводно извор близок на двојката рекол дека Џорџ и Амал имале жестока кавга после која таа ги собрала работите и заминала со едногодишните близнаци Александар и Ела во куќата на Сардинија, и дека Џорџ постојано ѝ праќа пораки и ѝ се јавува, бидејќи сака да ги види близнаците.

Во случај гласините за крахот на бракот да се покажат вистините, нивниот развод би „тежел“ 400 милиони фунти.