Дерил Хана и Нил Јанг тајно се венчале

256
Фото - Принтскрин/Јутјуб/Access

Рок легендата Нил Јанг и актерката Дерил Хана тајно се венчале изминатиот викенд, објавија светските медиуми.

Информацијата ја открил гитаристот Марк Милер, кој на Фејсбук објавил:

– Честитики за Дерил Хана и Нил Јанг за нивната венчавка. Им посакувам долга и среќна врска.

Седумдесет и двегодишниот музичар и 52-годишната актерка се во врска од 2014 година. Ова и е прв брак на Дерил Хана, која претходно беше во долгогодишни врски со Џон Кенеди Јуниор и музичарот Џексон Браун.

Нил Јанг првпат се ожени во 1968 година, со сопственичката на ресторан, Сузан Ацеведо. По две години таа побара развод. Од 1970 до 1975 година тој беше во врска со актерката Кери Снодгрес со која има син. Својата втора сопруга, Пеги Јанг, Нил ја запозна во 1974 година, а се венчаа во 1978 година и имаат две деца. Во 2014 година Нил побара развод и оттогаш е во врска со Дерил Хана.