Деми Мур е во врска со млада српска стилистка? ФОТО

Маша Со Србинката, која е родена во Белград, наводно е во врска речиси три години, а токму поради неа Деми ова лето била во посета на Белград каде се забавувале на сплавовите

531

Една од најголемите холивудски ѕвезди на 90-тите години, иако и денес се
занимава со филм, Деми Мур повеќе работи зад камерите, главно како
продуцентка. Но, затоа папраците сè уште ја сакаат, а посебно е интересен
нејзиниот љубовен живот.

Нова љубов?

Како што пишуваат американските медиуми, Деми е заситена од мажи и сега ја
интересираат само жени. Неодамна е снимена за време на прошетка во Лос
Анџелес во друштво на српската стилистка Маша Манџукa (43) и нејзината ќерка
Руми (2). Со Србинката, која е родена во Белград, наводно е во врска речиси три
години, а токму поради неа Деми ова лето била во посета на Белград каде се
забавувале на сплавовите.

Иако ништо официјално не е потврдено, за нивната љубов долго време кружат
гласини, а ова е првпат папараците да ги уловат заедно. Иако не разменувале
нежности, Деми и Маша изгледале многу блиски, а ќерката на Белграѓанката
главно била во рацете на актерката. Деми и Маша веќе неколкупати беа фатени
заедно на разни собири и настани.

„Кога се сами, тие се многу блиски и интимни“, изјавил нивен пријател за
американските медиуми, кој тврди дека Деми и Маша заедно ја одгледуваат Руми.

Три брака

Деми досега била во три бракови, а била поврзувана и со многу други актери, од
кои повеќето биле мошне помлади од неа.

Но, сѐ тргнало наопаку уште од првиот брак, во кој влегла кога имале едвај 18
години Родена како Деметриа Гајнес, по мажењето со рокерот Фреди Мур го
земала своето уметничко име Деми Мур. Во брак биле четири години, а таа е
авторка на неколку песни на Фреди.

По разводот се вљубила во актерот и режисер Емилио Естевеза, две години
подоцна се свршиле, но до брак не дошло.

Деми вториот брак го склучи со Брус Вилис и тоа само по неколку месеци врска.
Двојката беше заедно 11 години, а имаат и три ќерки Румер, Скаут и Талула. Деми
и Брус беа моќна двојка во 90-тите години, а нивниот брак се сметал за
исклучително стабилен брак. Затоа, сите биле шокирани кога во 1998 година
објавиле дека се разведуваат.

Разводот бил финализиран по две години, но тие останале во блиски односи.
Деми одлучи по третпат да стапи во брак со актерот Ештон Качер. На венчавката,
дошол и Брус, со својата нова девојка, сегашната сопруга Ема Хеминг, со која има
две ќерки. Деми се вљубила во Ештон кога таа имала 41 година, а тој 25. Првпат
на црвениот тепих се појавиле во 2003 година на премиерата на филмот
„Чарлиевите ангели“. Ештон поради неа премина од католик во кабала, а се
венчале во 2005 година. Ештон бил во одлични односи со нејзините три ќерки,
како и со Брус, а тој и Деми заедно организирале фондацијата кое се бореше
против сексуалната злоупотреба и искористување на децата. Но, проблемите во
рајот се појавиле во 2010 година, кога се појавија гласини дека Ештон ја
изневерил Деми. Следната година Деми објави дека се разведуваат.

Безброј врски

Иако по разводот од Ештон долго време била соло, медиумите постојано ја
поврзувале со многубројни славни личности како Шон Фрајдеј, Ник Џонас, Вито
Шнабел, Томас Џејн, Алекс Родригез и Питер Мортон.