Дејан Миличевиќ излезе од болница, па ги предупреди луѓето да внимаваат на себе

Тој на Инстаграм објави фотографија откако е примен во болница, на што добил најмалку 400 пораки за поддршка, но и неколку кои го навредувале поради објавата.

335
Драган Кадиќ/Курир.рс

Фотографот Дејан Миличевиќ по излегувањето од болница, детално објасни што му се случувало со здравјето и како му е дијагностицирана транзиторно-глобалната амнезија.

Тој на Инстаграм објави фотографија откако е примен во болница, на што добил најмалку 400 пораки за поддршка, но и неколку кои го навредувале поради објавата.

Миличевиќ објаснува дека ја поставил таа фотографија за оние кои се грижат да знаат дека сè е во ред со него, но и да испрати порака дека сите треба да внимаваат на себе. Професиите како неговата бараат долго време седење пред компјутер и статичност, па затоа и лошо влијаат врз здравјето.

Губењето на меморијата му се случило нагло и тој сфатил дека мора да побара лекарска помош. За негова среќа, лекарите му објасниле дека овој синдром се појавува еднаш и дека најверојатно веќе нема да се повтори.