Бившиот на Моника Белучи чека дете со 30 години помладата сопруга

Манекенката се пофали на Инстаграм со фотографија на која е сосема гола, а во прв план е нејзиниот труднички стомак.

384
Профимедиа

Тина Канаки (21) ја дочека Новата година со Винсент Касел (52) во Бразил, славниот француски актер и поранешен сопруг на Моника Белучи.

Манекенката се пофали на Инстаграм со фотографија на која е сосема гола, а во прв план е нејзиниот труднички стомак.

Тина на овој начин и официјално потврди дека го чека првото дете со францускиот актер, постар од неа над 30 години.

Винсент и Тина се венчаа во август 2018 година.

Касел со италијнската актерка Моника Белучи (54), има две ќерки – Дева (14) и Леони (8). Тие се разведоа во 2013 година, а во 2016 година Винсент се вљуби во 31 година помладата Тина.