БАФТА награди: „Рома“ најдобар филм

Куарон е прогласен и за најдобар режисер, а „Рома“ доби награди во вкупно четири категории БАФТА.

134
Фото: ЕПА

Филмот „Рома“ на Алфонсо Куарон ја освои наградата за најдобар филм на Британската академија за филмска и телевизиска уметност (БАФТА) на синоќешната церемонија во Лондон.

Драмата која го прикажува животот на куќната помошничка во семејство од средна класа во Мексико Сити во почетокот на седумдесетите години од минатиот век го победи фаворизираниот филм „Миленичка“ (The Favourite). Куарон е прогласен и за најдобар режисер, а „Рома“ доби награди во вкупно четири категории БАФТА.

Најмногу награди – шест освои филмот „Миленичка“, трагикомедија на грчкиот режисер Јоргос Лантимос кој имаше 12 номинации. Според очекувањата Оливија Колман е прогласена за најдобра актерка за улогата во филмот во кој главниот лик ја игра британската кралица Ана.

Наградата наменета за најдобар актер му припадна на Рами Малек за улогата на некогашниот пејач на групата Квин, Фреди Меркјури во филмот „Боемска рапсодија“.

Наградата за најдобра машка споредна улога ја доби Махершал Али за улогата на пијанист во филмот „Зелена книга“. За улогата аристократката Сара Черчил во филмот „Миленичка“, Рејчел Вајс доби награда за најдобра женска споредна улога.

Филмовите кои беа фаворити за наградата БАФТА имаат и најмногу номинации за Оскар, чие доделување е закажано за 24 февруари во Лос Анџелес.