Арета Френклин ограбена пред смртта, должи милиони за данок

Службата за внатрешни приходи тврди дека пејачката има долг од 6,3 милиони долари за поврат на данокот.

462
Профимедиа

„Кралицата на соул музиката“ Арета Френклин почина на 77-годишна возраст во август 2018 година, а со месеци не беше познато дека некој ја ограбил пред смртта, пишува порталот ТМЗ.

Според законските документи кои ги примиле, се открило дека полицијата во Мичиген води истрага за кражбата на средствата на Арета.
Крадецот неовластено ги користел нејзините финансиски средства, но сè уште не се знае колку пари, всушност, исчезнале.

Инаку, финансиите на Арета се под микроскоп откако почина. Службата за внатрешни приходи тврди дека пејачката има долг од 6,3 милиони долари за поврат на данокот.

Да потсетиме, Арета со години се бореше со ракот на панкреас, а битката на крајот ја изгуби. Зад себе остави четири сина.

„Кралицата на соул музиката“ не остави никаков тестемент, што изненади многумина, имајќи предвид дека еден од синовите (Кларенс) е со посебни потреби и дека му е потребна финансиска, но и останати видови на поддршка. Затоа, нејзините синови го распоредиле подеднакво имотот помеѓу себе.