Ана Кокиќ и Никола Раѓен потврдија дека се разведуваат – Сите детали и причини за крајот на бракот

Иако во октомври минатата година одбележаа 10 години брак, Ана Кокиќ и Никола Раѓен објавија дека поднеле документи за развод и ставија крај на бракот.

1681
Марина Лопичиќ/Курир.рс

Пејачката Ана Кокиќ и ватерполистот Никола Раѓен се разведуваат по 10 години брак. На нивниот заеднички живот ставија крај, а по тој повод се огласија и во јавноста со заедничко соопштение, пишува „Курир.рс“.

„На овој начин сакаме да ве информираме дека по 10 години брак решивме спогодбено да се разделиме. Заедно ја донесовме одлуката да ставиме крај на бракот и во овој тежок момент за нас ве молиме за разбирање за нашата приватност и приватноста на нашите деца. И покрај сè, ние ќе останеме во добри односи и заеднички ќе ги воспитуваме нашите ќерки. За кариерите, како и досега, ќе ве информираме и ќе бидеме отворени за соработка“, пишува во соопштението.

Иако во октомври минатата година одбележаа 10 години брак, Ана Кокиќ и Никола Раѓен објавија дека поднеле документи за развод и ставија крај на бракот.