Сценарија за две епизоди на „Пријатели“ ставени на аукција

Фото: HansonRoss / BNPS / Profimedia

Оригиналните сценарија за две епизоди од серијата „Пријатели“, снимена во Велика Британија, спасени од корпата за ѓубре, ќе се продаваат на аукција.

Сценаријата од четвртата сезона во 1998 година ги пронашол вработен во студиото „Фонтајн“ во Вембли, каде што биле снимени две епизоди, пишува „Би-би-си“.

Аманда Батлер, од аукциската куќа „Хансон Рос“ во Хертфордшир, рече дека продуцентите сакале да ги уништат сценаријата „за да не се открие крајот“ пред емитувањето.

Фото: HansonRoss / BNPS / Profimedia

Се очекува сценаријата да се продаваат меѓу 700 и 900 евра.

Врз основа на нив се снимени двете последни епизоди од сезоната наречени „Свадбата на Рос“ (Ross’s Wedding).

Неименуваниот продавач работел во студиото Фонтана до 1999 година, но сценаријата ги чувал во фиока до креветот во станот.

– Се сеќавам дека се прашував на кој член на актерската екипа можеби припаѓаат. Кога дојдов да ја расчистам масата, само ставив сè во голема картонска кутија и со текот на времето заборавив дека сценаријата се таму. Завршија во фиоката покрај креветот и оттогаш се таму. Можев лесно да ги фрлам. Овие сценарија заслужуваат да бидат во сопственост на огромен фан на „Пријатели“ – изјавил неименуваниот продавач.

Тие ќе бидат понудени на аукција на 12 јануари, заедно со продукциска јакна и ДВД сет од епизодите од серијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот