СБ на ОН го поздрави мировниот договор помеѓу Вашингтон и талибанците

Со Договорот завршува најдолгата војна на САД во историјата.

Советот за безбедност на Обединети нации синоќа усвои резолуција со која го поддржува Мировниот договор со талибанците, чија цел е воспоставување мир во Авганистан.

Со резолуцијата се повикува авганистанската Влада во разговорите да вклучи „разновиден и инклузивен преговарачки тим составен од авганистанските политичари и претставници на цивилното општество”.

Мировниот договор е потпишан помеѓу Вашингтон и талибанците во февруари во Катар. Со Договорот завршува најдолгата војна на САД во историјата.

САД по потпишување на Договорот почна да ги повлекува војниците од Авганистан. Вашингтон планира да ги повлече сите војници од Авганистан во рок од 14 месеци под услов талибанците да ги почитуваат преземените обврски од Договорот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот