Саздовски: Македонија има сериозен недостаток на пилоти

Пилотот и експерт за цивилна авијација Дејан Саздовски во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“ зборуваше за ситуацијата со пилотите во Македонија и што е неопходно младите да станат пилоти.

– Минимум години за да се почне обуката за пилот е 16 години. Летањето не спаѓа во формалното образование. Тоа што е по меѓународни стандарди и формално образование многу тешко се спојуваат. Пилот се станува преку аероклубовите. Значаен дел е правењето на кадарот. Во Македонија во светот на авијацијата има два сегменти како да се стане пилот. Едниот е преку војска, другиот е како цивилен пилот преку аероклубовите. Ние правиме пилоти по наше ниво, додека комплетното дооформување за да може да лета на меѓународно небо, го завршуваат во некоја земја членка на ЕУ – или Словенија или Хрватска. Освен волја за пилот потребно е да има волја за теоретско учење, малтене како факултет, компјутерите ги заменуваат вештините, и морам да напоменам дека се повеќе жени стануваат пилоти. Тоа е светски тренд. Македонија има сериозен недостаток на пилоти. изјави Дејан Саздовски пилот и експерт за цивилна авијација.

Тој додаде дека 40.000 евра е оптималната сума која треба да се потроши за да се стане пилот, од кој поголемиот дел е надворешното студирање.

– Најтешкиот дел е полагањето и учењето. Има 14 испити кои мора да се положат. За да стигнете до тој момент за да се полага треба да се издвојат 10.000 евра – рече Саздовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот